Поврзете се со нас

Италија

Јувентус со победа над Сампдорија ја потврди новата титула во Серија А (Видео)

Објавено

на

Јувентус вечерва ја победи Сампдорија со 2:0 и ја потврди својата 36 шампионска титула во италијанската Серија А. За тимот од Торино ова е и деветта титула по ред, што е нов рекорд во италијанскиот фудбал.

„Бјанконерите“ не блескаше на последните натпревари, дозволи вечерва Сампдорија да биде опасна во многу ситуации, но на крајот ја оствари целта и стигна до бодовите, кои се доволни за да биде првак на две кола до крајот.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо во последната минута од првото полувреме, кога беше одлично проигран од Миралем Пјаниќ, а печат на победата стави Бернардески во 67. минута, што за него е прв гол сезонава во Серија А.

Во завршницата Торсби заработи втор жолт картон и Сампдорија мораше да игра со фудбалер помалку, а Роналдо во 90. минута не реализираше пенал, откако со силен удар ја погоди гредата на голот на Аудеро.

Уште во првото полувреме се повредија Данило и Дибала кај Јувентус, односно Шабот кај Сампдорија, па тренерите имаа помалку опции да ги освежат своите екипи во завршницата.

На две кола до крајот, Јувентус има седум бодови повеќе од Интер и осум повеќе од Аталанта и Лацио, со што е јасно дека вечерва ќе има големо шампионско славје во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни