Поврзете се со нас

Италија

Јувентус одново разочара во Торино, Влаховиќ се налути и заработи црвен картон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус доживеа значителен пад во формата во последните 30-тина дена и веќе не е ниту во битката за титулата во Серија А, но со изданија како ова денеска, тимот на Макс Алегри нема да заврши ниту на второто место.

„Старата дама“ имаше добра можност да се врати на победничките патеки на домашен терен против Џенова, но наместо тоа, навивачите на Јувентус доживеаја ново разочарување на „Алијанц стадионот“.

Гостите дојдоа со јасна намера да се бранат и да освојат бод со два поставени реда пред својот гол, а на крајот успеаја во тоа и ги фрустрираа играчите на Алегри.

Особено нервозен во самата завршница беше Душан Влаховиќ кој заработи два жолти картони во период од 30 секунди, па во судиското продолжение доби црвен картон и самиот се отпиша од дербито со Лацио.

Макс Алегри беше видно незадоволен од однесувањето на Србинот и му испрати сериозен поглед кога Душан одеше кон соблекувалните, а на Џенова до крајот не и беше тешко да ги одбрани почетните 0:0, откако претходно ги преживеа најтешките моменти.

Илинг Жуниор ја погоди десната статива во 67-та минута, додека Моизе Кин ја погоди левата и гостите од Џенова со доза на голема среќа го одбрани својот гол.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни