Поврзете се со нас

Италија

Јувентус најави жалба за казната, но тоа нема да биде брз процес

Објавено

на

Јувентус остана без 15 бода на табелата во Серија А и заврши на средината на табелата, па очекувано најави жалба на одлуката на Федералниот апелациски суд.

Италијанскиот клуб е казнет поради вештачко зголемување на вредноста на своите фудбалери, случај кој помина во судот од втор обид, откако претходно беше одбиен како неоснован.

Адвокатите на Јувентус велат дека судот го казнил клубот и дел од поранешното и актуелното раководство за нешто што претходно било дефинирано како непостоечка основа, па затоа најавија експресна жалба за одлуката.

Сега ќе очекуваат судот да ја испрати образложената одлука, па потоа тие да ја испратат жалбата до Италијанскиот олимписки комитет, кој е следна инстанца.

Италијанските медиуми тврдат дека тој процес нема да биде толку брз, односно по жалбата може да се решава и за два месеца, при што во меѓувреме Јувентус остана далеку од позиција која води во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни