Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите загубија од Велика Британија на стартот на ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години загуби од Велика Британија со 84:68 на првата средба на Европското првенство-Дивизијата „Б“ што се игра во Португалија.

Нашите јуниори имаа осцилации во играта, а далеку најслаба им беше првата четвртина во која уфрлија само 9 поени (17-9), односно му овозможија на противникот да се стекне со предност и потоа да го контролира како резултатот така и играта.

Британците имаа 34:27 на паузата, по одморот исто беа подобри од избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и заслужено дојдоа до победата.

Луканоски со 22.поени и 9 скока беше нашиот најистакнат играч. Дејвис пак со 19 ги предводеше Британците.

Утре имаме соочување со Австрија која има два од два на досегашниот дел од турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни