Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ застана рамо до рамо со легендарниот Чембрлен, Денвер го доби дербито (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Денвер Нагетс излезе како победник од дерби пресметката против Мемфис Гризлис во НБА лигата.

Во дуелот на двете екипи со најдобар учинок на Западот поуспешен се покажа составот од Колорадо кој воден од своите навивачи избори триумф од 105-91. Домаќините одиграа тимски натпревар во кој шестмина беа двоцирени со тоа што најефикасен беше Гордон со 24 поени.

Меѓутоа одново во фокусот беше Јокиќ кој го имаше насекаде на теренот, „испука“ трипл дабл од 13 поени, 13 скокови и 13 асистенции, но воедно си обезбеди место во историјата до легендарниот Вилт Чембрлен.

Имено Јокиќ и Вилт се двајцата играчи во историјата кои низ два врзани натпревари имале 50+ поени, 40+скокови, 20+ асистенции со шут од преку 50 проценти.

Кога се во прашање Гризлис залуден беше дабл-дабл учинокот на Морант од 35 поени и 10 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Пистонс – Џез 111:126
Хит – Булс 103:113
Никс – Вориорс 132:94
Санс – Визардс 110:113
Нагетс – Гризлис 105:91

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни