Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ стана најдобар асистент во историјата на Денвер, Мемфис со победа го израмни рекордот на франшизата

Објавено

на

НБА натпреварите одиграни утринава донесоа неколку интересни индивидуални и тимски постигнувања, а Никола Јокиќ си обезбеди нов рекорд, овојпат влегувајќи во клупската историја на Денвер Нагетс.

Српскиот центар обезбеди нов трипл-дабл во триумфот над Минесота, а со 13 асистенции стана најдобар асистент во историјата на франшизата.

Јокиќ ја надмина бројката од 3679 асистенции, што беше досегашниот рекорд поставен од Алекс Инглиш, а колку значајно е неговото постигнување покажува фактот што ја надмина бројката со 269 натпревари помалку од Инглиш.

Мемфис го победи Кливленд благодарение на поените на Адамс во завршницата, со што стигна до 11-та победа по ред во НБА и го израмни рекордот на франшизата. Бејн со 25 и Морент со 24 поени биле најдобри реализатори во победничкиот тим.

Лука Дончиќ постигна 30 поени против Атланта, но истиот ефект на Мари за гостинската екипа се покажа како позначаен, бидејќи „јастребите“ излегоа како победници.

Далас – Атланта 122:130
Њујорк – Вашингтон 105:116
Њу Орлеанс – Мајами 98:124
Хјустон – Шарлот 117:122
Оклахома – Индијана 126:106
Мемфис – Кливленд 115:114
Јута – Л.А Клиперс 126:106
Денвер – Минесота 122:118
Л.А Лејкерс – Сакраменто 111:116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни