Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со својата одлука ја разочара јавноста во Србија

Објавено

на

Најдобриот играч во НБА лигата за оваа сезона, Никола Јокиќ нема да настапува за селекцијата на Србија на претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри, но и на самиот турнир во случај да неговите сонородници успешно ја завршат задачата во Белград.

Играчот на Денвер е исцрпен со оглед на тоа што оваа сезона не пропушти нити еден меч во НБА како во регуларниот дел така и во плејофот, а ако на ова се додека и минатата кампања и ептен краткиот одмор пред старот на натпреварувачката 2020/2021 тогаш повеќе од јасно е зошто Јокиќ се одлучи на ваков потег.

-На мое огромно жалење, ова е моментот кога треба да објавам дека и покрај мојата голема желба, не сум во можност да играм за репрезентацијата. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за закрепнување. Тоа е ставот и сугестијата на клубот и една неизбежност што морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да направат резултат што ќе ни донесе на многу радост на сите, -порача Никола за „Танјуг“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни