Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ го откажа Портланд, Филаделфија продолжи со гостинските победи

Објавено

на

Никола Јокиќ стигна до уште еден трипл-дабл во НБА, а со негова помош Денвер го совлада Портланд и ја продолжи победничката серија во лигата.

Српскиот центар го завршил натпреварот со 36 поени, 12 скокови и 10 асистенции, при што имал само еден неуспешен обид за реализација од поле.

На спротивната страна Лилард стигнал до 44 поени, но Денвер славел со резултат 122:113.

Ембид со 41 поен ја предводеше Филаделфија до шеста гостинска победа по ред, овојпат над Лос Анџелес Клиперс со резултат 110:120. Кај домаќините се истакнал Ленард со 27 поени.

Резултати:
Денвер-Портланд 122:113
Л.А Клиперс-Филаделфија 110:120
Милвоки-Торонто 130:122
Сан Антонио-Бруклин 106:98

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни