Поврзете се со нас

НБА

Јанис и Милвоки одиграа за Јокиќ и пријателите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

Оклахома е најпријатното изненадување во НБА лигата оваа сезона и се борир за првото место на Западот, но ова утро беше потисната од врвот поради поразот кој го претрпе од Милвоки.

„Елените“ одиграа за Никола Јокиќ и неговите соиграчи од Денвер и им направија услуга на Нагетси, бидејќи со победата на домашен терен им дозволија да се искачат на првото место.

Милвоки славеше убедливо со 118:93 и го диктираше темпото речиси во цел меч, но особено доминираше во третата четвртина која беше пресудна за конечниот расплет.

Домашниот тим го доби овој дел со 34:17 и направи огромна предност, која до крајот не ја испушти и ја искористи за 46-та победа во сезоната и второ место на Истокот.

Јанис Адетокумбо блескаше со 30 поени, 19 скокови и 4 асистенции, додека Портис и Лопес уфрлија по 15, односно 14 поени.

На останатите два натпревари, Минесота ја доби израмнетата пресметка со Голден Стејт со резултат 114:110, додека Лејкерси врзаа трета победа во низа, оваа над Индијана со 150:145.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни