Поврзете се со нас

АТП

Јаник Ноа збесна по елиминацијата на ПСЖ: Уморен сум… (Видео)

Објавено

на

Навивачите на ПСЖ доживеаја нова фрустрација со неуспехот на нивниот тим во Лигата на шампионите, а елиминацијата во двомечот со Реал Мадрид веројатно ќе донесе и дополнителни потреси во францускиот клуб.

Фановите тешко го прифаќаат болниот пораз во ситуација кога ПСЖ имаше два гола предност на полувреме, а еден од нив е и легендарниот француски тенисер Јаник Ноа.

Вчерашниот резултат донесе жестока реакција на Ноа, кој преку социјалните мрежи сподели колку е бесен на екипата што повторно остана без можност да се бори за најпосакуваниот трофеј.

– Уморен сум! Уморен сум од оваа екипа која секогаш губи. Доста ми е, – викал бесниот Ноа во видеото кое сам го објави на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни