Зимски спортови
Јана Атанасовска оствари историски резултат за македонското скијање во Словенија

Младата македонска скијачка Јана Атанасовска оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање и тоа во својата деби сезона во сениорска конкуренција.
16-годишната Атанасовска која е членка на АСК Скади од Скопје на денешната ФИС трка во слалом на патеката Рогла во Словенија оствари одличен резултат од 75,95 точки.
Таа го освои 17-тото место, иако настапи со стартен број 48 во конкуренција на 70 скијачки. Со тоа го подобри најдоброто досегашно постигнување во алпско скијање на двојната олимписка учесничка Јана Николовска.
Николовска во 2001 година на велеслалом во Франција оствари 79,36 точки (во скијањето помал број на освоени точки носат подобар ФИС пласман).
Атанасовска која долги години беше најдобра македонска пионерка и јуниорка, првата трка ја имаше во 2012 година на Меморијалот Стеве Илиески-Караѓуле на Попова Шапка и од тогаш има многу победи на меѓународно и национално ниво.
Со оглед на одличните настапи во изминатите 2 месеци, очекувано е во иднина уште повеќе да напредува на ФИС листите во сениорска конкуренција.
-
Светпред 23 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)