Поврзете се со нас

Европски првенства

Јакобсен: Ваков турнир не смее да се повтори, сите ќе полудиме

Објавено

на

Данска за првпат ја победи Франција на едно Европско првенство и го освои бронзениот медал на континенталниот турнир, одличје кое беше единственото кое недостасува во богата ризница успеси на Николај Јакобсен.

Данскиот селектор ги комплетираше сите медали на Европските првенства и продолжи да испишува историја како еден од најуспешните тренери во ракометот, но и покрај важноста на достигнувањето, Јакобсен не крие дека е разочаран од цела организација на турнирот, надевајќи се дека играчите за последен пат искусиле вакво нешто.

Ковид проблемите и условите во хотелите предизвикаа револт кај најголемите ракометни ѕвезди, кои сепак успешно се бореа до самиот крај и стигаа до завршницата со низа прекини и одлежани карантини.

– Освоивме три медали во една година. Најважно ми е златото од Египет, а средброто од Токио на Олимписките игри ми е поважно од оваа брозна. Не велам дека не ми значи овој медал, и тоа како ми значи, но сепак другите два резултати беа подобри. Овој турнир беше врв на невозможното, бевме ограничени во секој поглед. Не смеевме да мрднеме од хотелските соби, полудевме во собите. Во првиот хотел во кој бевме сместени, воопшто не бевме изолирани од другите гости.

– За се моравме да се грижиме само, па и за работи кои не се наша обврска. Ова беше најдолгиот месец во мојот живот. Кога немавме натпревари, седевме во собите и времето не поминуваше. За добро на сите репрезентации, играчи и навивачи, се надевам дека ова е последно вакво првенство, инаку сите ќе полудиме. Ова не смее да се повтори. Горд сум на нас, на Французите и на сите останати, на ракометот како спорт. Стигнавме до крај во неверојатно тешки услови, – вели Јакобсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни