Поврзете се со нас

АБА лига

Ивановиќ е перфекционист: Не смееме да играме како во првиот дел против МЗТ

Објавено

на

Евролигашот Црвена Звезда оствари рутинска победа над македонскиот првак МЗТ во регионалната АБА лига, а тренерот Душко Ивановиќ истакнал дека не е целосно задоволен од ова гостување.

Факундо Кампацо доминираше на теренот и ги предводеше „црвено-белите“ до очекуван триумф, а црногорскиот стручњак бил задоволен само од вториот дел од средбата.

– Задоволен сум од победата, но пред се од играта во второто полувреме.

– Во првото полувреме не игравме како што треба да игра Црвена Звезда.

– Недостасуваше агресивност во одбраната, па дозволивме лесни поени за противникот. Во вториот дел се поправивме во одбрана и полесно реализиравме, – изјавил Ивановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни