Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Ѓоковиќ има посебен софтвер во главата

Објавено

на

Горан Иванишевиќ оствари уште еден успех како член на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер денеска триумфираше на Ролан Гарос и стигна до рекордната 23. грен-слем титула во својата кариера.

Поранешниот хрватски тенисер зборувал пред медиумите за соработката со Ѓоковиќ и она што се случувало на клучните мечеви во Париз.

– Посебно сум горд на Новак на последните два меча.

– Му рековме дека ако сака да го освои трофејот, мора да престане да разговара и да се расправа со нас за време на мечевите.

– И видовте и самите, беше посебно концентриран, Новак има посебен софтвер во главата за грен-слем турнирите, – рекол Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни