Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги: Ќе ја научиме лекцијата…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер нема по добро да ја памети минатата седмица во која прво доживеа елиминација од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите за да вчера остане без победа и во соочувањето со Наполи на „Џузепе Меаца“.

Во таборот на „нероаѕурите“ се разочарани поради овие резултати, но во исто време веруваат дека истите ќе им помогнат за во иднина, односно ќе ја научат лекцијата од истите.

-Има мало разочарување, особено ако се земе предвид како течеше натпреварот. Игравме против актуелниот шампион на Италија и Наполи има многу квалитет, но за жал направивме наивна грешка што не чинеше победа. Зомер немаше ниту една интервенција.Мислам дека не можеме да се жалиме по 10 победи во низа и реми, -истакна тренерот Симоне Инѕаги.

-Пред се сме разочарани поради навивачите, бидејќи тие не наежија со пречекот на стадионот и навистина сакавме да им посветиме победа. Отидовме да ги поздравиме по последниот судиски свиреж и мислам дека им се допадна она што го видоа на теренот. Оваа игра докажува дека учите нешто ново секоја недела, бидејќи требаше подобро да одиграме при корнерот во 81. минута. Мислам дека она што се случи беше дека по толку многу замени, имаше конфузија околу тоа кој требаше да го чува Жезус. Ќе научиме од тоа.

-Секогаш можеш да добиеш нешто позитивно од пораз, а ние сакавме да продолжиме во Европа, но Атлетико Мадрид стигна пред нас. Тоа е многу разочарувачки, но е момент од кој може да се научи, -додаде предводникот на актуелниот лидер во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни