Поврзете се со нас

Лига Европа

Ихеначо нема да игра за Лестер во ЛЕ, не му бил дозволен влез во Полска

Објавено

на

Лестер во четврток ќе и гостува на Легија во групната фаза на Лига Европа, а менаџерот Брендан Роџерс нема да смета на Келечи Ихеначо.

Нигериецот не добил дозвола да влезе во Полска, односно бил вратен од граничните власти поради некомплетни документи.

–  Имаме проблем со Келечи. Неговата документација не беше доволна, па нема да сметаме на него во четврток, – изјавил менаџерот Роџерс.

Ихеначо слетал со клупските колеги во Варшава, но веднаш потоа било јасно дека ќе треба да се врати во Англија.

Лестер нема да смета ниту на Џони Еванс кој е повреден, како и на суспендираниот Вилфред Ндиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни