Поврзете се со нас

Игри на среќа

Играч од Скопје ќе вози BMW X3 од MOZZART наградната игра

Објавено

на

Играчите на Mozzart во период од 15 февруари до 25 април имаа можност да бидат дел од големата наградна игра „Погоди го најдолгиот тикет“ и да освојат автомобил BMW X3.

Александар Лалевиќ од Скопје Волково е среќниот добитник на BMW X3 од наградната игра на Mozzart. Тој имаше добитен тикет со 26 погодени натпревари, со кој успеа до самиот крај да се задржи на првата позиција од ранг листата, па покрај одличната добивка од тикетот, ќе вози и BMW X3!

Тикетот има 26 погодени натпревари и квота од 12748.13, а може да го погледнете на следниот линк.

Бев во неверување кога ми јавија дека сум добитник на автомобилот BMW X3. Извесно време бев прв на ранг листата, но и понатаму продолжив да пишувам тикети со повеќе од 26 натпревари за да ја зацврстам лидерската позиција. Досега од Mozzart имам добиено награди од други наградни игри, но овој автомобил е најдоброто до сега. Голема благодарност до Mozzart, се надевам и во иднина ќе продолжат да организираат вакви наградни игри,– изјави пресреќниот сопственик на новото BMW X3.

Непосредно откако се позиционираше на првото место од ранг листата, промо караванот на Mozzart кој патуваше низ цела Македонија, посети уплатно место во Скопје – Ѓорче Петров, па Александар таму имаше можност одблизу да го види автомобилот, да се слика со него и уште повеќе да посака да ја задржи првата позиција до самиот крај.

Инаку, наградната игра на Mozzart траеше од 15 февруари до 25 април, во која за најдолгиот погоден тикет доделуваат автомобил BMW Х3! Во наградната игра „Погоди го најдолгиот тикет“ учествуваа добитните тикети со минимум 4 парови со квота 1,35 или поголема од 1,35.

Дополнително, секоја недела, недобитниот тикет со најголем број на погодени натпревари добиваше по 1.000 евра! Доделувањето на дополнителните 10 награди се вршеше еднаш неделно во текот на целото времетраење на наградната игра. По завршување на секоја недела (етапа), системот се рестартираше, при што тикетите од секоја завршена етапа не се префрлуваа и не учествуваа во било која следна етапа, ниту пак при извлекувањето на главната награда. Честитки и за 10-те добитници кои заслужено освоија по 1.000 евра за недобитните тикети со најмногу погодени натпревари на неделно ниво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни