Поврзете се со нас

Германија

Играч на Баерн ги наполни таблоидите: Сопругата преку Инстаграм го „подари“ на неговата љубовница

Објавено

на

Баерн Минхен има многу проблеми на теренот, а медиумите сега дополнително ќе го споменуваат клубот и поради брачните проблеми на Лукас Ернандес.

Францускиот репрезентативец одамна имаше проблеми во бракот со сопругата Амелија, но се чини дека сега е вистински крај, нешто што ја навестува реакцијата на сопругата.

Амелија де ла Оса Љоренте на Инстаграм објавила порака дека го остава Ернандес и го поклонува на неговата љубовница Кристина Бучино.

Таблоидите уште одамна пишуваа за аферата на Французинот со Бучино, но сега ситуацијата кулминира бидејќи очигледно тој постојано бил во врска со неа, иако и ветил на сопругата дека тој период е минато.

– Можеш да престанеш да играш на две страни. Ти го поклонувам, Кристина Бучино.

– Само не заборавај дека имаш и две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш, – напишала сопругата на ѕвездата на Баерн.

Лукас и Амелија ги полнеа таблоидите и во 2017 година, кога фудбалерот ја нападна сопругата во алкохолизирана состојба, но и таа му возвратила, па двајцата беа казнети со работа во добротворни цели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни