Поврзете се со нас

Германија

Хрватски фудбалер предизвика скандал со своите коментари за Борусија и Волфзбург

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец Марин Понграчиќ, предизвика многу реакции во германската фудбалска јавност, поради доверливите информации кои ги објавил во своето Твич гостување.

Понграчиќ е член на Борусија Дортмунд, но како позајмен фудбалер од Волфзбург, а во емисијата зборувал против раководството на клубот, но и Марк ван Бомел, кој веќе доби отказ од тренерската позиција кај „волците“.

Хрватот ги налутил и челниците на Борусија, откако прв објави дека Ерлинг Халанд нема да игра најмалку два месеца, а малку претерал и при описот на искусниот Матс Хумелс, за кого рекол дека е малку постар, па често има проблеми со концидијата и колената.

– Некои изјави на Марин се апсолутно непримерни.

– Бидете сигурни дека за тоа интерно ќе разговараме со него, – изјавил Себастијан Кел, актуелниот директор на првиот тим на Борусија.

Германските медиуми потенцираат дека не само што Понграчиќ си ги затворил вратите во Волфзбург, туку речиси сигурно и Борусија ќе се откаже од откупување на неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни