Поврзете се со нас

Свет

Хрват ќе му биде тренер на Роналдо во Ал Наср

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср предводен од големата ѕвезда Кристијано Роналдо сака да ја освои титулата во Саудиска Арабиија, но во моментов заостанува зад првопласираниот Ал-Итихад и поради тоа водечките луѓе се решиле да направат промена на тренерската позиција.

Информациите се дека Руди Гарсија е веќе минато иако за ова се уште нема официјална потврда од клубот пред кого е важен меч против Ал Хилал.

Медиумите воедно пренесуваат и дека Гарсија добил наследник и тоа во името на хрватскиот стратег Динко Јеличиќ кој досега работеше во младите категории на Ал Наср. Останува да се види дали Јеличиќ ќе биде само привремено решение за некој натпревар или ќе го води тимот до крајот до крајот на кампањата.

Динко има работено во повеќе хрватки клубови, бил селектор и на селекциите до 19 и 20 години, а бил и во академијата на шпански Алавес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни