Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хит видео во Англија: Поранешен предизвикувач на Тајсон патосирал агресивен провокатор со еден удар

Објавено

на

Џулиус Френсис имаше просечна боксерска кариера која ја заврши со 23 победи и 24 порази, а дефинитивно хајлајт на Британецот беше борбата која ја имаше со Мајк Тајсон пред повеќе од две децении.

Френсис го предизвика Тајсон во 2000-та година и загуби во мечот како аутсајдер, но 22 години подоцна, повторно е во центарот на вниманието поради една случка пред „Бокспарк“ во Лондон.

Имено, Френсис како 57-годишник работи како одговорен шеф за обезбедување, па пред неколку дена, имал тешко искушение и одговорил на истото во свој стил.

Џулиус долго време се воздржувал и се обидувал да доведе во ред здодевен фан кој бил агресивен и нападен, а на видеото кое стана вирално се гледа дека го „заспа“ провокаторот само со еден удар.

Френсис очигледно се уште знае да погоди кадешто треба и буквално го прати напаѓачот на спиење, а зад неговата постапка застана и директорот на „Бокспарк“ Вембли кој на јавноста и објасни дека Џулиус и обезбедувањето цели 15 минути трпеле навреди и напади од фанот кој правел проблеми во објектот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни