Поврзете се со нас

Англија

Херојот на Јунајтед за потегот кој му донесе црвен картон: Заборавив…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Јунајтед избори пласман во полуфиналето на ФА Купот и тоа откако во спектакуларен натпревар беше подобар од големиот ривал Ливерпул со 4-3 и тоа по 120 минути игра.

„Црвените ѓаволи“ дадоа два гола во дополнителните 30 минути со тоа што оној победничкиот беше буквално со „звукот на сирената“ кој го даде Амад Диало.

Офанзивецот погоди по што го понесоа емоциите, го соблече дресот, а тоа му донесе исклучување затоа што за него беше втор жолт картон на натпреварот.

-Го заборавив првиот жолт картон. Многу сум разочаран поради тоа, црвен картон, но најважна за мене е победата и тоа против голем тим како Ливерпул, голем момент за мене. Сите дојдоа кај мене и ми честитаа. Сакам да им се заблагодарам на сите, навивачите беа одлични во текот на целиот натпревар, -порача херојот на Јунајтед, тим кој во следната рунда на ова натпреварување ќе се соочи со Ковентри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни