Поврзете се со нас

Олимписки игри

Хероина на денот: Ја победи тешката болест и обезбеди настап на Олимписките игри во Токио

Објавено

на

Јапонската пливачка Рикако Ике е хероина на денот во својата родна земја, откако обезбеди виза за Олимписките игри во Токио непосредно откако ја победи тешката болест.

Дваесетгодишната Јапонка сигурно немаше да настапи на Олимпијадата која требаше да се одржи минатата година, но одлагањето поради коронавирусот и овозможи комплетно да се рехабилитира и да ја добие битката со болеста.

Ике пред две години мораше да да мине низ хемотерапија откако и беше дијагностицирана леукемија, но две години подоцна си го оствари сонот и сега ќе настапи на Олимписките игри кои ќе се одржат во нејзината родна земја.

– Ова навистина не го очекував, но имав голема самодоверба, уште поголема од пред пет години. Мислев дека уште долго нема да можам да победувам, но тренирав напорно и успеав во тоа, – изјави Ике.

Интересно, нејзина првична цел по победата на болеста била да се пласира на Олимписките игри во 2024-та година, но сега ќе биде дел од игрите во Токио откако оствари време од 57.77 секунди во дисциплината 100 метри делфин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни