Поврзете се со нас

Германија

Хенес со бомбастична изјава на темата „Кејн“

Објавено

на

Баерн Минхен трпеливо работи на трансферот на Хари Кејн и се чини дека не планира да се откаже од англискиот голгетер, кој пак би го имал првото интернационално искуство.

Очигледно дека главна мотивација на Баварците е даденото ветување од самиот фудбалер дека е цврсто решен да го облече дресот на германскиот првак, па останува уште да се најде соодветна формула со неговиот актуелен клуб Тотенхем.

Поранешниот претседател на клубот, Ули Хенес и натаму има големо влијание врз одлуките на Баерн, а денеска јасно посочил зошто постои оптимизам во Минхен.

– Кејн јасно ни сигнализираше дека неговата одлука е донесена и е конечна.

– Ако го одржи зборот, тогаш дефинитивно ќе дојде во Баерн. (Карл Хајнц) Румениге се слуша со него секојдневно, – изјавил Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни