Поврзете се со нас

НБА

Хауард убеден: Бев подобар центар од Јокиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ неодамна го освои првиот трофеј со Денвер во НБА лигата, а уште претходно почна да освојува МВП титули во регуларниот дел од сезоната, признание кое го освои два пати во последните три години.

Српскиот центар доминира во НБА, но некогашниот член на Орландо, Двајт Хауард, смета дека тој своевремено бил подобар кошаркар од Јокиќ.

Хауард и Орландо стигнаа до финалето на плејофот, но не успеаја да стигнат и до титулата.

– Не сакам луѓето да мислат дека сум хејтер, ми се допаѓа Јокиќ и тој еден од најдобрите во светот, но меѓу него и мене, би се избрал себеси.

– Знам колку бев доминантен и што можев да направам, иако Јокиќ постигнува многу повеќе поени и поседува офанзивни вештини.

– Јас не добивав толку можности да шутирам и да ја имам топката свртен со грб кон кошот. Јокиќ добива многу повеќе топки, јас постигнував многу поени само со удари за два поена, не добивав шанси да шутирам често или пак да уфрлувам тројки, – изјавил Хауард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни