Поврзете се со нас

Свет

Хап шутираше без грешка од игра против Манреса (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/GranCanariaCB

Македонскиот репрезентативец, Итан Хап имаше уште еден квалитетен настап во дресот на Гран Канарија и тоа во шпанската АЦБ лигата.

Центарот шутираше без грешка од игра во пресметката со Манреса, поточно беше перфектен (четири од четири) за два поени, ама проблем му беа слободните фрлања каде имаше реализација 5 од 11. Тој собра и 9 скока со 1 асистенции, односно на крајот имаше 24 индексни поени што сепак не беа доволни за Гран Канарија да оствари позитивен резултат на ова гостување.

Манреса славеше со 78-71 во дуел во кој лидер кај победникот беше Бадио со 16 кошеви.

Хап и компанија со учинок 16-9 се на 5. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни