Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон го демантира Хорнер: Луѓето ме споменуваат кога им е потребен публицитет

Објавено

на

Луис Хамилтон мораше да излезе со демант на информацијата дека самиот му се нудел на ривалскиот тим Ред Бул, пред да потпише нов договор со Мерцедес.

Во интервју за „Дејли Мејл“, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер истакнал дека имало контакт од страната на Хамилтон за да се испита дали постојат шанси да биде ангажиран во редовите на актуелниот шампион, па Британецот мораше експресно да реагира.

– Зборував со сите во мојот тим и никој немал таква комуникација со Ред Бул, иако е точно дека тие се обиделе да добијат информација од наша страна.

– Го најдов мојот стар телефон со претходниот број и единствено што најдов како комуникација со Хорнер е мојата честитка за нивната последна титула.

– Не сум изненаден што сум споменат во туѓо интервју, бидејќи многу луѓе го прават тоа за да предизвикаат „бранови“. Ако сте малку осамен и не добивате потребен публицитет, тоа е најдобра опција, само споменете го моето име, – изјавил Хамилтон.

Портпаролот на Ред Бул за медиумите истакнал дека контактот бил направен од таткото на Хамилтон, кој пак нема директен удел во комерцијалните активности на поранешниот Ф1 шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни