Поврзете се со нас

Германија

Хаман: Тухел не може да бега од својата одговорност

Објавено

на

Баерн доживеа неколку неуспеси откако Томас Тухел ја презема тренерската позиција, а раководството на клубот засега инсистира на тоа дека вината мора да се лоцира кај фудбалерите, кои очигледно не се залагаат доволно на теренот.

Тухел има доволно кредит за да остане на функцијата, но поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман, смета дека тренерот не може да помине без одговорност во целата ситуација.

– Не може да побегне од одговорноста, тој дојде во клубот за да се постигнат одредени резултати.

– Ако смета дека екипата не е доволно добра, треба да го каже тоа. Нека каже дека му недостасува голман или напаѓач, ако веќе мисли така.

– Менаџментот остава впечаток дека е во конфузија, но слична е и импресијата за тренерот откако дојде во Баерн. Сепак, не верувам дека тој може да замине, сигурно ќе ја води екипата и следната сезона, – истакнал Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни