Поврзете се со нас

Франција

Халилхоџиќ направи анализа на ПСЖ: Најдобри се на светот, мора само една работа да остават на страна

Објавено

на

Прославениот балкански стратег, Вахид Халилхоџиќ направи анализа на Пари Сен Жермен, тим изгледа незапирливо на почетокот на оваа сезона.

„Светците“ под водство на новиот тренер Галтие изгледаат свежо, разиграно, даваат многу голови, а последна нивна жртва беше Лил кој беше декласиран на негов терен со 7-1.

Халилхоџиќ како поранешен играч и тренер на ПСЖ верува дека овој тим, состав е најдобар на светот, а посебни комплименти имаше за Лионел Меси.

-Нејмар игра повисоко и бара топки во длабочината што му ја дава Меси. Аргентинецот изведува рецитал во број 10, во едноставна игра и пауза. Го сметам за попаметен играч. Помалку ја носи топката од времето во Барселона. Меси е школа на фудбалот. На оваа позиција повеќе размислува да им помогне на Нејмар и Мбапе отколку да постигнува голови. Ова е ново нешто што го видов кај него.

-Тимот е убедливо најдобар во светот. Потоа во односот на играчите, тоа е друга работа. Мора да се соберат во заеднички проект за секој да го остави егото на страна и да остане на ова ниво и во тој колективен дух. Ако е така, не гледам тим кој може да ги спречи да го остварат својот сон. Од сега до април – мај може многу да се случи, но пред нив е одлична сезона, -истакна доскорешниот селектор на Мароко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни