Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за прославата на Сити: Пристигнувањето на пицата беше најдобар момент на вечерта

Објавено

на

Победата на Лестер над Манчестер Јунајтед ја потврди новата титула за Манчестер Сити, а означи и почеток на славјето на Пеп Гвардиола, неговите фудбалери и сите фанови на овој премиерлигаш.

Шпанскиот стручњак на денешната прес-конференција открил детали за малата прослава која ја направиле сите во клубот по потврдената титула.

– Беше убаво, неочекуваните забави се најдобри, затоа што кога организираш нешто големо, тогаш најчесто е досадно.

– Кога Лестер победи дојдовме овде во клупскиот „меур“, сите беа безбедни. Малку трениравме, а потоа танцувавме, се смеевме и се потсетувавме на убави моменти.

– Потоа во 23:30 часот стигна пицата, а тоа беше најдобриот момент на вечерта. Овде во Англија забавите се поврзани исклучиво со алкохол и тоа не го разбирам. Но, кога дојде пицата, вечерта беше перфектна, прославивме како што треба, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни