Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола посебно ќе анализира еден играч на Реал: Мора да го проучам и да видам како ќе го исконтролираме

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола трета сезона по ред ќе води тактичка војна против Карло Анчелоти во Лигата на шампионите, а фудбалските фанови повторно ќе гледаат две возбудливи пресметки меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Последните два европски шампиони ќе ги вркстат копјата во месец април во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но додека Карло Анчелоти ја предаде улогата на благ фаворит на противникот, Пеп Гвардиола уште отсега посебно се фокусира на еден играч.

Шпанскиот стручњак вели дека ќе мора со видео анализа да го проучи Џуд Белингам, фудбалерот кој не играше во Реал минатата сезона, а кој сега прави огромна разлика во системот на Дон Карло.

– Влијанието кое го имаше Белингам врз овој тим на Реал Мадрид е неверојатно и огромно. Поради него, Реал е друг тим од минатата сезона, неговото присуство на теренот се чувствува во секој момент. Ќе мора да откриеме како да го сопреме, ќе мора да проучиме како да го исконтролираме, – изјави Гвардиола.

– Секогаш е тешко да се соочите со Реал, се работи за извонреден клуб и во ова натпреварување обично тие ги контролираат работите со искуството кое го имаат. Ќе има моменти кога ние ќе бидеме подобри, но ќе има и нивни моменти. Кој ќе го искористи својот момент, тој ќе биде поблиску до целта. Ќе се обидеме да бидеме добри на првиот меч во Мадрид, а потоа да се покажеме пред нашите навивачи, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни