Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола направи невообичаена замена, фановите на Сити воодушевени од епилогот

Објавено

на

Манчестер Сити си ја заврши работата уште на првиот дуел со Спортинг кој го доби со 5:0, па вчерашниот реванш беше само рутинска пресметка во која и двете екипи влегоа без голема тензија.

Пеп Гвардиола очекувано можеше да експериментира во однос на составот и формацијата, а беше толку опуштен што реши да го замени голманот на дваесетина минути до крајот.

Едерсон му го отстапи местото на 36-годишниот ветеран Скот Карсон, кој е трет голман на Сити и за кого ова е прв настап сезонава.

Но, Карсон уште еднаш покажа дека ги задржал своите квалитети и покрај возраста, па по една феноменална одбрана, успеал да изнуди овации домашните фанови.

– Англиски број еден, – скандирале фановите на Сити, алудирајќи на тоа дека Карсон е најдобар голман во својата земја, што секако му годело на ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни