Поврзете се со нас

Свет

Голманот на Јужна Африка испиша историја со својот ефект во четвртфиналниот пенал рулет (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CAF_Online

Репрезентацијата на Јужна Африка стигна до полуфиналето на Африканскиот куп на нации, добивајќи го дуелот со Зеленортските Острови на пенали.

По 120 минути без постигнат гол, двете селекции мораа да го решаваат победникот на пенали, а таму се истакна голманот на ЈАР, Ронвен Вилијамс.

Капитенот на оваа селекција одбрани четири пенали и стана прв голман на кој му успеало вакво нешто на големите континентални турнири, а со својот ефект овозможи четврти полуфинален пласман на својата селекција на АФКОН.

Противничкиот голман барем делумно парираше со два одбранети удари, но Јужна Африка беше подобра во серијата со пет изведени пенали.

Следен противник на ЈАР е Нигерија, додека во второто полуфинале ќе играат Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни