Поврзете се со нас

Франција

Големото летно засилување на ПСЖ доживеало хорор во Париз: 20 дена крварев и постојано повраќав, загубив 8 килограми!

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Гонзало Рамос направи трансфер од Бенфика во ПСЖ во операрција која може да достигне и 80 милиони евра (65 се фиксни, а 15 варијабилни), но иако беше најавенн како огромно засилување, португалскиот репрезентативец досега не успеа да ги прикаже своите најдобри квалитети во француската престолнина.

Играчот кој воодушеви на последното Светско првенство се избори за трансфер на кариерата и требаше да ужива во друштво на Килијан Мбапе и Усман Дембеле во нападот, но наместо тоа, Португалецот мина низ многу тежок период на професионален план, но уште потежок во здравствена гледна точка.

Во интервју за португалскиот медиум „Рекорд“, Рамос откри дека се здобил со навистина голем и непријатен проблем на крајот на 2023-та година, па откако неколку пати завршил во болница, ослабел дури осум килограми.

– Ќе ви откријам дека имав навистина комплициран месец на крајот од годината. Декември беше многу лош за мене, почна со вирус, а потоа се претвори во инфекција на дебелото црево. 20 дена крварев и поврќав, не можеве да јадам и имав висока температура. Завршив во болница четири или пет пати и мораше да ми стават инфузии.

– Загубив осум килограми за неполн месец, тоа се случи во период кога почнав да се адаптирам на Франција и Париз. Оваа лоша авантура не ми помогна, а потоа ми беше тешко да се вратам во форма со толку изгубени килограми. Сега се чувствувам подобри, но ми беше тешко да се вратам во посакувам ритам на стартот на годината, – открива Рамос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни