Франција
Големото дерби донесе и лоши сцени: Дисциплинците во Франција отворија истрага против четири ѕвезди на ПСЖ (Видео)

ПСЖ изминатиот викенд покажа дека знае да победува и без својата најголема ѕвезда Килијан Мбапе, но во ситуација кога големата победа над Марсеј се славеше со многу емоции на „Паркот на принцовите“, по последниот судиски свиреж пристигнаа и сцени кои носат разочарување поради инволвираноста на четири првотимци.
Омразата и ривалството меѓу ПСЖ и Марсеј е надалеку прочуена и токму поради тоа Луис Енрике посебно се израдува на триумфот на „Класико“, но сепак дел од фудбалерите претераа во завршното славје со навивачите.
Најрадикалните навивачи на ПСЖ традиционално се сладат на големите успеси над Марсеј со навредливи и вулгарни песни кон лутиот ривал, меѓутоа во песните овојпат се вклучија и четворица фудбалери.
Тоа се Ашраф Хакими, Коло Муани, Лајвин Курзава и Усман Дембеле, па сега дисциплинците од Лига 1 соопштија дека е покрената истрага против четворицата и ќе треба да дадат свои искази на 5-ти октомври.
Ова значи дека четирите ѕвезди се во опасност да заработат сериозни казни од Лига 1, особено ако се знае дека овој инцидент го осуди и министерката за спорт на Франција.
Hakimi, kurzawa, dembele, kolo muani @LFPfr pic.twitter.com/eMrJygycWv
— Kondogbiste (@BastienOlympien) September 26, 2023
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек