Поврзете се со нас

Олимписки игри

Глупост на годината на фаворитката за медал: Џексон со лежерен финиш го загуби местото во финалето (Видео)

Објавено

на

Јамајканската спринтерка, Шерика Џексон беше меѓу фаворитките за освојување на медал на Олимписките игри во трката на 200 метри.

Џексон која го освои бронзениот медал на трката на 100 метри во саботата, во текот на вчерашниот ден во квалификациите на 200 метри направи невидена глупост која ја чинеше пласман во финалето.

Имено, Јамајканката имаше време за финале, но од непознати причини се реши во последните 50 метри да влезе опуштено со намера дека ќе го задржи времето и ќе избори пласман во финалната трка.

Сепак, таа истрча со време 23.26 кое не беше доволно за пласман во финалето и се пласираше на четвртата позиција во нејзината конкуренција.

Италијанката, Далиа Кадари ја премина во самиот финиш на трката и беше подобра за само 251 стоти дел од секундата со што си обезбеди пласман во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни