Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби во финалето во Ларнака и ќе почека за прва титула во 2024. година

Објавено

на

Лина Ѓорческа остави неколку напорни дена зад себе и денеска имаше можност да се бори за првиот трофеј во 2024-та година, но за жал Македонката остана на 13 освоени титули во својата кариера.

Најдобрата тенисерка од нашата земја не успеа да го испрати темпото кое го наметна девет години помладата тенисерка од Хрватска, па така мораше да се помири со пораз во два сета.

Луција Ќириќ Багариќ важи за надежна тенисерка која има 20 години и во моментов е на 214-та позиција на ВТА листата, а со оглед на акумулураниот замор и напорните битки кои ги водеше, Лина денеска не одговори во финалето онака како што посакуваше.

Тенисерката од Тетово прилично лесно загуби во завршниот чин во Ларнака со 6:2 и 6:3, па со тоа запиша пораз во 34-то финале кое го играше во сингл конкуренција.

Луција влезе како фаворит во овој дуел бидејќи беше петти носител на турнирот во Ларнака, па на крајот таа го подигна најважниот трофеј и продолжи со својот напредок на ВТА листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни