Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Манакор

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине четвртфиналната фаза на третиот ИТФ фјучерс во Манакор (Шпанија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа вчера имаше супер партија против третата носителка Лесли Патинама Керкхове, но тоа издание не го повтори денеска против шестата фаворитка Андреа Лазаро Гарсија која славеше со 2-0 во сетови.

Точно 1 час и 23 минути траеше мечот на теренот број 16, период во кој домашната фаворитка со 6-3 и 6-1 изводјува триумф за пласман во полуфиналето. Андреа освои далеку повеќе поени од Македонката (71/47) која воедно имаше катастрофална реализација на брејк топките 1/10 или само 10 проценти.

Интересно е тоа што Лина и на претходните два турнири на ова место натпреварите ги завршува во истата оваа четвртфинална рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни