Поврзете се со нас

Фед куп

Ѓорческа: Најважна беше победата над Финска, заслужено го освоивме првото место

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk/ Игор Паневски

Женската репрезентација на Македонија успеа да слави на турнирот во Скопје и со тоа да обезбеди пласман во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот.

Нашите тенисерки славеа над Ерменија со 2-1 во големото финале и тоа со пресврт кој го најави Лина Ѓорческа со триумфот во поединечна конкуренција за да потоа заедно во комбинација со Магдалена Стоилковска слават над Ирена Мурадјан и Марина Давтјан и со тоа го комплетираат одличниот настап во Скопје.

-По победата над Финска знаев дека сме блиску до конечната победа, но требаше да се одиграат уште мечеви. Денеска пресуден беше мојот сингл, кој го добив без проблеми. Сметам дека сосема заслужено победивме во сите мечеви и го освоивме првото место, -порача Лина Ѓорческа.

-По ланскиот пораз во финалето од Португалија едноставно „сонував“ дека оваа година во Скопје ќе успееме и тоа се отствари. Тежок беше мојот сингл меч, но во дубл повторно одигравем на ниво, истакна пак Стоилковска.

Инаку по осум години во Третата зона од Били Џин Кинг Купот, нашата селекција направи исчекор и отиде ранг повисоко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни