Поврзете се со нас

Франција

Галтие: Нема конфликт меѓу Мбапе и Нејмар, имавме…

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен се подготвува за гостувањето во Лил каде ќе видиме на дело како ќе функционира големата тројка на „светците“ Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, една недела по „конфликтот“ на средбата против Монпелје.

На истата во фокусот на вниманието беше Мбапе кој беше доста нервозен, промаши пенал, се налути која при една акција не му беше доделена топката, а при новиот пенал прво го закачи Меси со рамото и потоа бараше од Нејмар да му ја предаде топката, барање кое не доби зелено светло од Бразилецот.

Медиумите во изминативе денови доста пишуваа за ова, се споменуваше дека Нејмар и Мбапе се во конфликт и едноставно не се поднесуваат во овој момент.

Меѓутоа според тренерот Кристоф Галтие се е во ред и нема никаков конфликт, недоразбирање меѓу двајцата напаѓачи.

-Нема проблем, се е во ред. Се разбира набрзина се сретнавме следниот ден за да го испегламе сето тоа и да си кажеме што имавме да си кажеме.

-Нема непријатност и тоа го потврдувам со многу искреност, имавме многу пријатна работна недела каде сите работеа за да се подготвиме за натпреварот против Лил, -порача Галтие.

Средбата Лил-ПСЖ се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни