Поврзете се со нас

Европски првенства

Фудбалски фан предизвика бура на Твитер откако го погоди резултатот и стрелците на отворањето на ЕП

Објавено

на

Европското првенство ќе биде голем предизвик и за прогнозерите и оние кои ќе ги почувствуваат изненадувањата кои се реалност на секое големо натпреварување.

Откако турнирот започна со победата на Италија над Турција, вниманието на себе го сврте еден навивач кој на Твитер го типувал коенечниот резултат на средбата.

Овој фан не само што погодил дека Италија ќе победи со 3:0, туку ги предвидел и стрелците, вклучувајќи го и Демирал како автор на автоголот со кој „аѕурите“ поведоа во Рим.

Останатите учесници во играта на официјалниот профил на ЕУРО 2020 биле воодушевени, па почнале да бараат да им предвиди кои екипи ќе ги освојат титулите во најквалитетните европски лиги следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни