Поврзете се со нас

Франција

Французите се откажаа од опцијата Зидан, Дешамп си обезбеди уште еден голем турнир

Објавено

на

Светското првенство во Катар беше најавено како последен голем турнир за Дидие Дешамп на клупата на француската репрезентација, но работите се променија со настапите на „триколорите“ на овој мундијал.

Додека медиумите тврдеа дека Зинедин Зидан е сигурен наследник на Дешамп по мундијал, раководството на федерацијата донело поинаква одлука и решило да му овозможи на актуелниот селектор да ја задржи позицијата.

Пласманот во полуфиналето на СП бил доволен за Дешамп да добие уште едни квалификации, односно очекуван настап на ЕП 2026, каде Франција повторно би била меѓу фаворитите.

Франција на претходните две европски првенства не успеа да стигне до трофејот, па тој останува голема желба и на Дешамп, за што сега ќе добие уште една можност да го нападне.

Зидан досега трпеливо чекаше повлекување на поранешниот колега од националниот тим, но променетата ситуација може да го мотивира да прифати понуда од некој клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни