Поврзете се со нас

Франција

Французите ги открија зборовите со кои Луис Енрике брутално го откачил Верати

Објавено

на

Луис Енрике се одлучи за сосема друг пристап во летните подготовки и реши да се ослободи од неколку играчи кои беа костурот на тимот со години наназад во ПСЖ, па така новата сезона ја стартуваше без присуството на Меси, Нејмар и Верати.

Тројцата беа недопирливи во Париз со неколку различни тренери и тоа посебно важеше за Италијанецот кој е играч со најголем стаж меѓу „светците“, но повеќе од јасно е дека неговата иднина е сега е далеку од „Паркот на принцовите“.

Италијанскиот репрезентативец е целосно „замрзнат“ од Луис Енрике и е во исчекување на трансфер во Саудиска Арабија, а пред да дојде до таков расплет, Французите се уште се занимаваат со неговите последни денови во клубот.

„Ле Паризен“ денеска излезе со ексклузива и откри дека прецртувањето на Верати била една од првите важни одлуки кои го донел новиот тренер, кој бил прилично груб и брутален додека му го соопштувал тоа на искуниот играч за врска.

– Со мене како тренер, нема да заиграш во првиот тим, – му порачал Лучо на Верати според инсајдерските информации на „Ле Паризен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни