Поврзете се со нас

Англија

Фофана е нов член на Челси, потпиша невообичаен договор

Објавено

на

Заврши трансфер сагата со Весли Фофана и дефанзивецот од денеска е нов член на Челси, оставајќи ја зад успешната етапа во редовите на Лестер.

Францускиот дефанзивец ќе биде уште едно ултра скапо засилување за премиерлигашот, а најавите се дека Челси ќе плати најмалку 75 милиони фунти за овој трансфер.

Фофана одамна имаше договор со Челси, но двата клуба долго не можеа да најдат заеднички јазик околу трансфер сумата и профитот од кој Лестер може да биде презадоволен.

Она што е невообичаено е дека Фофана потпишал седумгодишен договор со лондонскиот клуб, нешто што навистина ретко се случува посебно во елитните лиги.

Фофана е уште едно засилување за одбраната на Томас Тухел, откако претходно пристигнаа и Калиду Кулибали и Марк Кукурелја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни