Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен обезбеди пол-позиција за финалето на сезоната во Абу Даби

Објавено

на

Макс Ферстапен ќе стартува од најдобрата позиција на утрешната трка во Абу Даби, со кое ќе биде комплетирана сезоната во која токму возачот на Ред Бул стигна до титулата.

Холанѓанецот немаше проблем во третата решавачка сесија и обезбеди доволна предност во однос на Шарл Леклер од Ферари, додека првата тројка ја заокружи Оскар Пјастри од Мекларен.

Добри квалификации имаше и Расел од тимот на Мерцедес кој стигна до четврто најбрзо време, а до десеттата позиција се пласираа Норис, Цунода, Алонсо, Хулкенберг, Перез и Окон.

Големо разочарување во квалификациите доживеа Карлос Саинц, кој ќе стартува од 16. позиција на утрешната трка, а во првите десет не се најдоа и Хамилтон и Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни