Поврзете се со нас

Свет

Фелипе Мело распали по Робињо и Дани Алвес: Да и го направеа тоа на мојата ќерка, сега немаше…..

Објавено

на

Foto:Marcelo Gonçalves/FFC

Бразилските фудбалери Робињо и Дани Алвес добија високо затворски казни поради секс скандали во кои силувале помлади девојки, со тоа што напаѓачот доби деветгодишна казна за групно силување во Италија, додека дефанзивецот четири ипол-годишна казна за индивидуално силување во ноќен клуб во Барселона.

Случајот на Робињо се провлекуваше со години и после дели десет години беше испоратен во бразилски затвор, а Алвес пред неколку дена си ја купи слободата и привремено излезе од затвор додека не се донесе конечна одлука за жалбата која ја достави.

Двајцата познати фудбалери се најдоа на удар од јавноста и добиваат жестоки критики за ужасните дела за кои се првообвинети, па ако Мемфис Депај застана во нивна одбрана и дури плати дел од кауцијата на Алвес, Фелипе Мело има сосема поинаков став.

Искусниот бразилски играч за врска жестоко ги нападна своите сонародници, за кои вели дека ќе завршеле трагично доколку такво нешто направеле на неговата ќерка.

– Никој нема право да соли памет и да зборува премногу на оваа тема, но сепак не гледам проблем да го искажам своето мислење и да дадам коментар. Јас имам 15-годишна ќерка, ако такво нешто и се случеше нејзе, сега немаше да бидам тука да го дадам ова интервју, – изјави Мело, јасно алудирајќи дека би завршил во затвор во обид да се справи со насилниците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни