Поврзете се со нас

Свет

Фелаини го потврди пензионирањето, доби специјална порака од Мурињо (Фото)

Објавено

на

Маруан Фелаини објави крај на својата фудбалска кариера, а фановите најмногу ќе го паметат по настапите во Евертон, но и шансата која ја доби во Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.

Белгиецот често беше критикуван поради своите настапи во дресот на „црвените ѓаволи“, но Мурињо го сметаше за пожртвуван тимски фудбалер за кого секогаш имал високо мислење.

Португалецот го потврди тоа со пораката која му ја посвети на Фелаини откако овој официјално објави дека ставил крај на кариерата.

– Не заборавам кој ми дал се што може да даде.

– Беше и секогаш ќе бидеш еден од моите, честитки за твојата кариера и одмори ги зглобовите, – напиша Мурињо во својата порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Фелаини играше за Стандард по што замина во Евертон каде постигна 25 голови, а во редовите на Јунајтед забележа 22 погодоци на 177 натпревари, освојувајќи трофеи во Лига Европа и ФА и Лига купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни