Поврзете се со нас

АТП

Федерер со оригинална објава за историскиот успех на Надал: Ти си инспирација за мене (Фото)

Објавено

на

Рожер Федерер како и сите тениски вљубеници го следел денешното епско финале во Мелбурн, во кое Рафаел Надал направи неверојатен пресврт и испиша нова страница во историјата на белиот спорт.

Надал стана првиот тенисер кој ја надмина границата од 20 грен слем титули и стигна до 21-от трофеј на турнирите од големата четворка, достигнување кое му успеа откако се врати од 2:0 негатива во големото финале со Медведев.

Со овој успех, Надал ги остави зад себе Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а еден од првите кои му честитаа беше токму швајцарскиот маестро кој долги години беше на врвот на оваа вечна листа.

– До мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал. Ти честитам од срце што стана првиот машки тенисер кој освоил 21 грен слем титула. Пред неколку месеци, се шегувавме за тоа што и двајцата сме на патерици.

– Неверојатно. Никогаш не потценувајте голем шампион, твојата неверојатна работа етика, посветеност и борбен дух се инспирација за мене и за многумина ширум светот. Горд сум што ја делам оваа ера со тебе и почестен сум што одгирав улога да оствариш повеќе, исто како што ти тоа го правеше за мене во изминатите 18 години. Сигурен сум дека има уште многу остварувања пред тебе, но засега, уживај во ова, – му порача Федерер на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни