Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Брајтон со „одмазда“ за Италијанците: Тоти сака пица… (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Брајтон не можеше да ја анулира предноста на Рома од првиот дуел на овие две екипи во осминафиналето на Лига Европа, но домашните фанови барем се израдуваа на уште една победа во првата европска сезона на премиерлигашот.

Истовремено, реваншот на англиска територија беше искористен и за еден вид „одмазда“ на домашните фанови по провокацијата која беше испратена на првата средба на „Олимпико“.

Навивачите на Рома извадија транспарент со невкусна содржина на сметка на британското кралско семејство, а нивните ривали решија да удрат по италијанската гордост, односно по пицата.

– Тоти сака ананас на пицата, – пишувало на транспарентот напишан на италијански јазик, а упатен до навивачите на Рома и нивната жива легенда, Франческо Тоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни