Поврзете се со нас

Франција

Фабрегас: Избрзаа со одлуката, ама разбирам…

Објавено

на

Ѕвездата на Монако, Сеск Фабрегас смета дека Франција прерано донесе одлука да се заврши Лига 1 поради пандемијата со коронавирусот.

Французите решија да ја заокружат кампањата и со тоа станаа првата од петте најсилни лиги кои се одлучиле на таков потег со тоа што останатите (Премиер лига, Примера, Бундеслига, Серија А) прават планови и се подготуваат да продолжување на сезоната.

-Тоа беше голема одлука и можам да разберам зошто ја донесоа. Ама можеби прерано ја донесоа со оглед на тоа што останатите големи лиги сè уште се обидуваат да продолжат. Иако целосно ја разбирам смислата што стои зад тоа и подобро е да се биде безбеден, затоа што најважни се семејствата и здравствената сигурност на сите и го поддржувам ова 100 проценти.

-Ама можевме да размислиме за индивидуален тренинг каде што во основа немате ризик. Не допирате никого, не сте блиску до никого. Да видиме дали сме блиску до тоа да се игра фудбал ширум светот.

-Очигледно, тоа е многу тешко и јас разбирам дека некој треба да донесува одлуки. Ние само треба да го направиме она што тие ни го кажуваат. Тежок момент во нашите професионални животи, во личните животи, но едноставно мора да се издржиме и се ќе биде добро во иднина, -порача Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни